Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Клик 21“ на ТВ21 посочи дека албанската партија ДУИ владеела повеќе од 20 години во Македонија и истата не одговарала за ништо, а имало индикации за криминали и афери.
„ДУИ е тој кој што владее со државата повеќе од 20 години и гледате дека не одговара за ништо, презема постапки стрикно како на нив, од политички аспект им одговара. Приоритетот на политиката е секогаш пред државниот приоритет и нормално е се штитат взаемно. Немате ниту еден политички функционер од оваа партија кој што одговара а имавте безброј афери, корупции, криминали…“, вели Димитриевски.