Димитриевски најави злоупотреба на државни органи на изборите: Спасовски професионалците ги турна настрана и постави неообучени кадри 

Реформи во СДСМ, значи јас од мојата партија, од мојата идеологија не се откажувам и нема да се откажам никогаш. Максим веќе ја фрли ракавицата и воопшто не се плаши од било какви реперкусии. Очекувам се и сешто, притисоците се веќе видливи, на листите кои што беа соберени 1.250 потписи во Куманово, сакам јавно да им се заблагодарам на сите граѓани кои што дадоа потписи. Не е точен податокот за четири дена, туку уште првиот ден за два часа ги собравме сите потребни потписи, а јас отидов околу 6 часот да се потпишам за поддршка на листата и носителката на листа и јас бевме илјада и некој потпишувач. Што значи дека тие потписи беа соберени за помалку од еден ден, истакна Максим Димитриевски во гостување во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.

Димитриевски додаде дека граѓаните се одважија и застанаа зад еден концепт. Во Куманово повеќе сликата не може и нема никогаш повеќе да биде црно бела. Големм број на тие луѓе кои што се потпишаа на таа листа се членови и симпатизери на СДСМ, но има Албанци, Срби и Власи. Најмалку дојдоа вработените од јавните претпријатија да се потпишат бидејќи луѓето се уплашени.

„Господинот Спасовски тоа што го направи со МВР е за секаква осуда, и времето тоа ќе го потврди. Бидејќи врвните професионалци ги турна на страна, а голем број на кадри кои што не се обучени за одредени високи позиции ги позиционираше во првиот круг како соработници, советници на високи оперативни задачи. А, всушност гледаме дека ништо драстично не се менува во системот на јавната безбедност“, нагласи Димитриевски.

Посочи дека јавните полицајци ги нема никаде ниту во маалата кои што беа промовирани, сообраќајците исто така ги нема никаде. Државните органи ќе се злоупотребат сега во време на изборите.