Димитриевски сериозен кандидат за „трофејот Замора“, само Куртоа е пред него

Јан Облак е последниот освојувач на „трофејот Замора“, кој се доделува на најдобриот голман во шпанска Примера.

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски моментално одлично котира и заостанува само зад Тибо Куртоа на листата најдобри чувари на мрежата во досегашниот тек од сезоната.

27-годишникот брани во животна форма на голот на Рајо Ваљекано. Досега настапи на 17 натпревари, прими 18 гола, направи 49 интервенции, петпати ја сочува мрежата и одбрани два пенали.

Рајо собра 27 бода, победи на осум натпревари и ја држи шестата позиција на табелата во шпанскиот шампионат.