Димитров e убеден дека реферeндумот за промена на името ќе успее

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изрази со понеелникот во текот на неговото учество  на панел дискусијата „Евроатлантска иднина за Македонија“  убеденост дека референдумот на 30-ти септември ќе биде успеш .

Димитров во изјава за медиумите посочи дека Македонија секогаш кога има крупна историска раскрсница избира мудро.

„Референдумот е политичка легитимација на правецот по кој ние мислиме дека треба да одиме“, рече Димитров и додаде дека главна тема овие денови секако се европските и евроатлантските интеграции.

„Решивме искрено, храбро и отворено да им погледнеме во очи на проблемите. Успеавме да затвориме еден спор што децении не влече назад и да ги отвориме вратите кон иднината, се работи за нашата стабилност и безбедност, се работи за нашата финансиска благосотојба, и се работи за најдобрата алатка што постои, а тоа се пристапните преговори со ЕУ“, посочи министерот за надворешни работи.

Решението е тука, сите ние како граѓани треба да одлучиме дали ќе одиме напред кон иднина и интеграции, или ќе одиме назад кон изолација, изјави Димитров и додаде дека друга алтернатива за патот напред нема.
Во однос на договорот со Грција, Димиторв вели дека смета дека е многу важно што во овој компромис успеавме да ги зачуваме идентитетот и идентитеските прашања, и додаде дека додека ние чекавме светот не чекаше, не чекаше ниту ЕУ патот станал, вели Димитров многу по стрмен.