![kozias-dimitrov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/kozias-dimitrov.jpg?resize=640%2C340&ssl=1)
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, денеска ќе имаат билатерална средба во Брисел, на маргините од состанокот министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија, а според најавите соговорниците ќе разговараат за продолжувањето на преговорите за решавање на спорот за името најавено за крајот на месецов.
Коѕиас, пред заминувањето за Брисел, во изјава за медиумите истакна дека Грција сака да го реши проблемот за името и изрази надеж дека прашањето ќе биде затворено во првата половина во 2018 година.
Димитров и премиерот Заев минатата седмица потврдија дека разговорите за името ќе продолжат кон крајот на месецов и дека во Македонија треба да ја искористи позитивната клима во односите со Грција.