Димитров: Идентитетот не може да биде предмет на преговори

На прес конференцијата во МНР, на која се обратија посредникот за спорот околу името, Метју Нимиц и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, шефот на македонската дипломатија, на новинарско прашање – дали би се преговарало за јазикот и за идентитетот, одговори дека ако овие прашање треба да се отворат, решение со Грција за проблемот нема да се постигне.

-Апсолутно не, не може да биде предмет на преговори, бидејќи не е предмет на одлука. Ако дојдеме до таа точка, до идентитетот, нема да има решение. Но жално ќе биде ако две европски држави ова не го препознаат, дециден е Димитров.

Димитров, пак, истакна дека процесот што го помага медијаторот Нимиц е важен за изнаоѓање на достоинствен начин за решавање на спорот.

– Во Европа во 21-от век никој не може да го оспори нашето право да бидеме Македонци кои зборуваат македонски јазик. За да има решение важен е процесот во кој помага Нимиц, како и да се однесуваме внимателно во јавноста. Но, колку повеќе зборуваме за црвени линии, толку е помал просторот за разговор и за решение кое ќе биде прифатено од граѓаните,  кажа Димитров на заедничката прес-конференција со медијаторот.