Текстот на британскиот јавен сервис BBC за постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата”, рече Никола Димитров кој гостувше на грчката телевизија SKAI.
Живеев и го дишев Преспанскиот договор со месеци … понекогаш го гледам и во моите соништа. Така го гледам ченот 4 (3) од договорот, велејќи дека се согласуваме да не се мешаме во внатрешните работи на соседот. Текстот на БиБиСи и прашањата што ги покрена се нешто што се за грчкиот внатрешен политички дијалог, можеби тоа е прашање на меѓународните обврски, тоа треба да биде тема на грчка дебата, рече шефот на македонската дипломатија.
На прашањето дали „Северна Македонија чувствува дека постои северно македонско малцинство” во Грција и дека е обврзана да го заштити, Димитров инсистираше на тоа дека “двете страни, Атина и Скопје, се согласиле дека нема да има интервенции за овие прашања“.