Рускиот дипломат е протеран поради две причини: првата е солидрност за случајот Скрипал, а втората, и многу побитна, е излегување од рамките на делување од страна на рускиот дипломат, односно пречекорување на надлежности, се обидел да добие сензитивни ткн класифицирани информации кои би влијаеле на безбедноста на Македонија, изјави во вторникот министерот за надворешни работи, Никола Димиров, на заедничката прес-конференција со австриската колешка Карин Кнајлс, чијашто земја не презема ваков дипломатски чекор.
Димитов вели дека оваа постапка е поткрената „со факти и аргументии“, како и дека ова се случува и меѓу пријателски земји.
Според него, има и домашна основа за чекорот на Министерството за надворешни работи. Како што кажа Димитров, се работи за лице што излегло од својот дипломатски мандат.
„Се работи за обид за добивање класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија. Но, должни сме да го заштитиме идентитетот на дипломатот и ќе биде штетно да се шпекулира. Нашите сознанија се потпираат врз цврсти докази и немаме дилеми околу тоа“, рече Димитров.
Оцени дека меѓу пријателите има и недоразбирања, а кога тие ќе се надминат пријателството ќе биде посилно.
Австриската министерка Кнајсл од своја страна истакна дека Австрија се изјаснила за солидарност со Велика Британија, а кога станува збор за протерување на дипломати тоа е билатерално прашање за процена.
„Во тешки времиња особено е важно да ги оставиме отворени каналите за комуникација. Австрија има политика на неутралност, политика што гради мостови. Тоа е традицијата на австриската дипломатија“, додаде Кнајсл на прашањето дека Австрија нема протерано руски дипломат.
Македонското Министерството за надворешни работи синоќа соопшти дека протерува еден дипломат на Руската Федерација, поради случајот Скрипал. Одлуката на македонското МНР е донесена по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.
И руската амбасада вчера се огласи по ова прашање.
Македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето на рускиот дипломат, објави вчера руската амбасада во Македонија на Твитер, по одлуката на македонското Министерство за надворешни работи да протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал.
„Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна“, објави руската амбасада на Твитер.