Се надевам дека денеска ќе биде празник на демократијата и дека конечно нашата Македонија ќе тргне напред, во правата насока, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој во неелата утрото о оствари своето гласачко право за референдумот, во избирачкото место со бр. 2855 во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.
По гласањето, како што информираа од министерстовото за надворешни работи, министерот Димитров ја даде следната изјава за медиумите
„Силно светнал ден, цел месец политиката зборуваше, објаснуваше колку голем историски влог има оваа денешна раскрница. Денеска народот зборува, а народот зборува со гласање. Јас само се надевам дека денес ќе биде празник на демократијата и дека конечно нашата Македонија ќе тргне напред, во правата насока.“, рече Димитров.