Градоначалниците на општина Кочани и на општина Виница, Ратко Димитровски и Емил Дончев, кои синоќа беа приведени на граничниот премин кај Делчево на македонско-грчката граница, тврдат дека муницијата која била пронајдена во автомобилот со кој што се превезувале била на нивни пријател од Бугарија.
„Вештачки е создадена фама за недозволена пренесување муниција, бидејќи инцидентот не соодветстува со реалната ситуација. Имено при рутинска контрола на возилото со кое патувавме кон Македонија бугарската полиција ја забележа муницијата која се наоѓаше во касетата на истото возило. Истата е сопственост на бугарски државјанин, наш пријател со кој поминавме неколку часа. Мора тој да ги заборавил во касетата бидејќи куршумите не беа скриени“, велат Димитровски и Дончев, јавува МИА.
Бугарските медиуми објавија дека градоначалницита биле привдени и дека дежурен јавен обвинител им одредил 24-часовен притвор, но Димитровски и Дончев велат дека веднаш по испрашувањето биле пуштени да си одат дома.
„Бугарската полиијца го испита случајот и не распраша како сведоци во делото против нивниот држајанин за потеклото на муницијата. Потоа не пуштија да си заминеме во нашата држава“, велат градоначалниците.
Димитровски и Дончев вчера присуствувале на средба на градоначалници и бизнисмени во Благоевград, Бугарија.