Димков: СДСМ од штипската болница отпушти волонтери а пред изборите преку хуманитарна организација ангажира нови со ветувања за вработување

 

СДСМ прави изборни злоупотреби и во период пред избори преку хуманитарна организација во Штип, ангажира волонтери во штипската Клиничка болница со ветување дека по изборите тие ќе бидат вработени, иако до пред самое ден месец директорот поставен од владејачката партија ги раскина договорите на повеќе од 40 волонтери, кои беа ангажирани подолг временски период наназад за да сега се вработат нови пред изборите, изјави на прес-конференција во петокот Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е скандал од меѓународни размери и пример за партизација. СДС ја спроведува политиката на Заев за бркање од хигиеничар до министер на сите кои не се СДС, за на нивно место да се постават членови на СДС. Во штипската јавност се погласни се информациите дека директор на Клиничката Болница Штип, Ален Ѓоргиев и носител на советничката листа во Штип на ангажираните лица им ветувал дека по завршувањето на изборите ќе бидат вработени. Ова е скандал од меѓународни размери! Ова е злоупотреба на хуманитарната организација“, истакна Димков.

Рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и претставниците на меѓународната заедница во Македонија да реагираат на овој чин на партизација.

„Целата македонска и штипска јавност се згрозени од злоупотребите кои се вршат од страна на функционерите на СДС на локално ниво. За ваквата партизација и злоупотреба на институциите за вработување на партиски активисти, граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, посочи Димков.