Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков ги поздрави новите капитални инвестиции во источниот регион кои ќе отворат многу нови работни места.
„Пред само неколку дена беше отворена првата фабрика во економската зона во Штип, инаку втора фабрика на Џонсон Контролс во Република Македонија. Инвестицијата вредна 20 милиони евра, во која веќе работат 900 луѓе од Штип, Пробиштип, Кочани, Велес, Свети Николе и другите околни градови, а се очекува да се вработат уште 500 или вкупно 1400 луѓе. Пред само неколку дена исто така беше официјализирана и браунфилд инвестицијата “Амфенол” во Кочани вредна околу шест милиони евра, фабрика која изработува интерконекциски делови за автомобили и во наредните пет години ќе вработи 1500 луѓе, а веќе за почеток ангажираше 70 лица.Во Велес пак, фабрика ќе гради Германската компанија „Маркарт“ (Marquardt GmbH), познат добавувач во автомобилската индустрија со инвестиција од 35 милиони евра. Оваа фабрика ќе произведува делови за врвните германски брендови како Мерцедес, Ауди и БМВ и ќе вработува 500 лица,“ изјави Димков на денешната прес-конференција.
Тој потенцираше дека благодарение на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само преку овие три фабрики влегоа инвестиции во висина од околу 61 милион евра.Сите овие инвестиции ќе значат освежување во стопанскиот живот во источниот регион, инвестиции кои веќе вработија над 1000 луѓе, а во наредните неколку години ќе вработат вкупно над 3500 луѓе.
„Во годините на срамната и криминална приватизација Штип и источниот регион беа едни од најпогодените и најуништените региони во државава, каде што многу луѓе останаа без работа и беа доведени до работ на егзистенцијата, благодарение на СДСМ и Бранко Црвенковски,“ потенцираше Димков и истакна дека значајно да се истакне е дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ започна да реализира капитални инфраструктурни прокети како што се автопатот Миладиновци-Штип и Кадрифаково-Велес, со што очекуваме нашиот регион да стане уште поатрактивен за странски и домашни инвеститори.