„Господине Спасовски, функцијата технички премиер не е за честитање, но друго е за честитање, бидејќи откако ќе ги изгубите изборите, ќе ви се отвари патот за претседател на СДСМ“.
-Како дојдовте, така ќе си одите. Дојдовте со техничка влада, со техничка влада и ќе си одите, рече Димовски.
Тој ги критикуваше и реформите со кои претходно се пофали Спасовски.
-ОТА ви е тотално нефункционална, а АНБ ја претворивте во партиско дувло, рече Димовски.
Тој продолжи со критиките за досегашната работа на Владата.
-Широка распространета дрога, нерешени убиства, избегани убијци, нарачани судски постапки директно од министри во владата, уцени на политички неистомисленици, разрешени 7 главни уредници на значајни медиуми… За рекетирање на бизнисмени не ни сакам да зборувам, за тоа јавноста многу знае а и допрва ќе зборувам, рече Димовски.
Тој рече дека ќе им честита само на двајцата министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кои според своите биографии можеле да се носат „барабар“со целата влада.
-Господине Спасовски, гледам љубите реплики од филмови, па ќе ве упатам да погледнете еден српски филм, „Сенки над Балканот“. Такво е вашето владеење, заврши Димовски.