Димовски: Грковска треба да побара од премиерот и пратениците да го повлечат предлогот Љубомир Јовевски да биде уставен судија

Политиката отиде многу подалеку во судството, а граѓаните не ги интересира колку обвинители има туку ги интересира правдата, рече новинарот Саше Димовски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Димоски посочи дека постои хипокризија во случајот со предложениот Јавен Обвинител за Уставен Судија.

„Политичката партија го предложи Јавниот Обвинител за Уставен Судија, тој не се кандидираше сам. Сега видете ја хипокризијата се појавува
вицепремиерката и вели дека тој не заслужува да биде Уставен Судија. Таа тоа не треба да ни го каже нас, туку на премиерот и на пратениците од политичката партија каде потекнува и да го повлечат предлогот“, рече Димовски.

Тој рече дека дури и самата вицепремиерката не е задоволена од работата на Јавниот Обвинител.

„Вицепремиерката за добровладеење рече дека и таа не е задоволна од работата на Јавниот Обвинител Љубомир Јовевски и не треба да биде уставен судија. Таа е потпретседател на Влада и веројатно влијателна во политичката партија“, изјави Димовски.