![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Capture-91.jpg?resize=696%2C375&ssl=1)
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски верува дека излезноста во шесте изборни единици оди во прилог на неговата партија.
„Во места каде ВМРО-ДПМНЕ има традиционална поддршка има висока излезност“– рече Димовски.
Реплицирајќи кон соговорникот, тој додаде дека иако излезноста во третата и четвертата изборна единица е пониска во споредба со претходни изборни циклуси, сепак, факт е дека е повисока во однос на другите изборни единици.