Потпретседателот на СДСМ, Владимир Манчевски и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски – Циц да ги објават договорите потпишани меѓу Куманово паркинг и фирмите Метропаркинг од Белград и скопската МетропаркингПлус.
После овој скандал тие мораат на јавноста да и ги презентираат овие документи. Имаат две опции. Дали ќе решат да ги објават овие договори на официјалната веб страна на СДСМ или пак на веб страната на Општина Куманово, зависи само од нив. Важно е е јавноста да ги види. Почитувани, скандалот со тендерот за паркинзи во Куманово зафаќа огромни размери. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц никаде го нема. Се скри во земја. Прво велеше дека ништо не знае, па потоа од фотографија видовме дека бил присутен на потпишувањето на договорот. Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, од друга страна, е комплетно конфузен“, вели директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски.
Димовски вели дека сите оправдувања кои ги даде Манчевски се покажале дека не се точни.
„Дамјан Манчевски бранејќи се веќе не мери што зборува. Покрај што ќе ме тужел мене, за што го охрабрувам, ќе ја тужел и фирмата во која, според валидни државни документи, тој е лице за контакт. Се прашувам дали тужбата за фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје ќе си ја достави сам на себе, зошто, според документите од Централен Регистар, тој сеуште е овластен од фирмата да биде лице за контакт?“, вели Димовски.
Димовски пред неколку дена обелодени дека фирмата МетропаркингПлус со која Куманово паркинг склучила договор вреден 400 илјади евра е сопственост на Манчевски.