Димовски му порача на Бошњаковски: Пред две години Избирачкиот список го прочистуваше ДИК предводена од СДСМ

Откако портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски најави интервенции во избирачкиот список и бришење на голем број гласачи, со реакција на Фејсбук излезе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој вели дека списокот се прави врз основа на државјани на Република Македонија, а не секој државјанин е жител на државата, како што тој вели. Тој вели да поддржувачите на СДСМ да не ја критикуваат партијата бидејќи не го пречистиле избирачкиот список, бидејќи не можат да избришат некого ако е државјанин на Македонија.

Фејсбук статус на Илија Димовски:

Избирачкиот список не се прави врз база на регистар на осигуреници во здравство, земјоделци кои добиваат субвенции или писатели кои добиваат пари за издавање книги…

Избирачкиот список се прави врз база на регистар на државјани на Република Македонија што го води Министерството за внатрешни работи…

Значи, не врз основа на список на жители, туку врз основа на регистар на државјани…
Не секој жител е државјанин и не секој државјанин е жител на РМ…

Каде и да живеете на планетава, ако сте државјанин на Република Македонија, мора да си дел од избирачкиот список…

Така било од 1990 година наваму….

За оние кои не знаат, според тој регистар на државјани, бројот на државјани е над 2,4 милиони, од кои околу 1,8 се полнолетни…

Гледам дека поддржувачи на СДСМ ги критикуваат СДСМ зошто не го пречистиле списокот…
Не ги критикувајте, тоа е тоа, не можат да бришат од список ако некој е државјанин…

Плус, списокот пред 2 години го прочистуваше ДИК раководена од СДСМ…

Доста е на оваа тема…