Собранието денеска ја почна расправата по предлогот на Владата за измена на Уставот, што опфаќа дефинирање на бракот како заедница меѓу маж и жена, ограничување на буџетскиот дефицит од три проценти и на јавниот долг од 60 проценти од БДП, промена на називот на Народна банка во Македонска банка, како и редефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија. Исто така измените предвидуваат бројот на судии во Републичкиот судски совет да се зголеми од осум на десет, а притоа член на ова тело да не биде министерот за правда, а по жалбите од одлуките на Советот да расправа Уставниот суд. Според најавените измени Уставниот суд добива и уште една надлежност, да прима уставни жалби од граѓаните.
Министерот за правда Аднан Јашари образложујавќи ја иницијативата за наведените измени , посочи дека реформите во судството се приоритет години наназад и постојано се во фокусот на пошироката и стручна јавност. Забележа дека е потребно зголемување на независноста и ефикасноста на судската власт и целта е да се отстранат нејзините недостатоци.
„Измените се фокусирани во редефинирање на составот на Судскиот совет како независен орган кој над се’ треба да гарантира независост на судската власт. Воочена е потребата за унапредуање на судската власт преку зголемување на Судскиот совет. Се исклучува министерот за правда и од осум судии бројот се зголемува на 10. Ова се европски препораки и стандарди, а тенденцијата е автономија на судската власт. Уставната жалба која засега не е уставен институт, е поврзана со заштита на човековите права дефинирани во Уставот. Уставната жалба е предвидена при пекршување на осовните човекови права и слободи, пресумпција на невиност, слобода на изразување, на говор“, посочи Јашари.
За формирањето на меѓународна финансиска зона, за што засега кај многумина постои дилема за што всушност се работи, министерот единствено објасни дека зоната ќе се уредува со посебни меѓународни правила.
Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, постои потреба од надградба на Уставот, но сепак тоа треба да се прави со широк консензус. Воедно, тој ја повика оозицијата и избраните пратеници кои не доаѓаат на работа во Собранието, да се однесуваат одговрно и во моменти кога се расправа за Уставни измени и значајни државни прашања, личните и партиски интереси да се остават на страна.
„Јас би бил задоволен и горд доколу пратениците во Собранието влезат во длабока содржинска расправа за секоја од точките. Предвидена е доста долга и широка динамика за измни на Уставот. Следна фаза е разгледување на нацрт – амандманите на комисии, ќе бидат вклучени и експерти од сите области за што денеска треба да се даде виза. Потоа за предлог амандманите е предвидена посeбна постапка со можност за амандманско интервенирање. Постапката е толку долга што ќе може да се чуе секое мислење и да се анлизира секоја препорака и предлог. Измената на Уставот значи етаблирање на уставен поредок и тука имаме исклучитлна одговорност. Никогаш не треба развојот на уставниот и законскиот сиситем да се условуваат со други прашања, затоа што така свесно го кочиме развојот на земјата“, истакна Димовски.
Според него, воведувањето на Државниот завод за ревизија како уставна категорија е многу одговорен предлог, бидејќи доаѓа и како препорака од многу релевантни институциии. Тоа би значело негово „ослободување“ постабилно да го истражува трошењето на народните пари за јавни интереси. Буџетскиот дефицит, како што истакна Димовски, е тема за која најмногу се разговарало измнитиве години.
„Ова е препорака за сите следни влади, но и уставна одговорност да не смеат да ја задолжат државата повеќ од 60 проценти од Бруто домашниот проеизвод. Јаноста ќе знае да го оправда овој чекор. Во однос на финансиските зони, кои ќе бидат по највисоки меѓународни стандарди, јас верувам дека Владата нема да се коцка со својот кредибилитет стекнат за инвестирање и иотворањена работни места“, вели Димовски.
Уставната дефиниција за бракот како заедница помеѓу маж и жена, тој го образложи како одраз на традицијата, за што постои и широк општествен, политички и граѓански консензус.
„Европа е шаренило на вредности, но тоа не значи дека треба да се откажеме од традиционалните и семејните наши вредности. За да се проемни ова прашање, ќе треба голем консензуз. Можеби по 20, 30 години, ако се случи тоа нека им е со среќа на тие генараци, но овие генарации ценат дека ова прашање вака треба да биде регулирано“, истакна Димовски.
Пратеникот Павле Трајанов, од Демокраски Сојуз, се согласува дека се потребни вакви уставни измени, но потенцира дека за тоа е потребна и широка јавна расправа која би се слушнале сите аргументи, за и против.
„Да се менува Уставот е одговорна и тешка задача. Треба бројни консултации. Недостасува длабинска анализа, нема компаративни податоци, нема мислења од институции каде што се менуваат областите. Има многу коментари околу функционрање на Судскиот совет и потребата од дополнителни реформи, бидејќи како таков орган не ја гарантира независнота на судството туку е инструмент за дисциплинирање на судиите. Најспорно е формирањето на финансиски зони без никакво образложение. Во основа, во факви зони се слеваат средства, капитал од тешки кривични дела. Тоа е пракса во светот. Се надевам дека тоа не е интенцијата на Владата“, истака Трајанов.
Процедурата за измена на Уставот се очекува да трае околу три месеци. На денешната седница, која што е во тек најмалку 82 пратеници треба да дадат согласност дека има потреба да се менува Уставот. Потоа Владата предлогот треба да го дефинира како нацрт-амандмани. Потоа следува јавната расправа од 30 дена, по што на седница во Собранието ќе се расправа и гласа за секој предложен амандман одделно.