„На крај од изборната кампања за претседателските и парламентарните избори дозволете ми да ја предочам разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Коалицијата за подобра Македонија од една страна и Социјалдемократскиот сојуз од друга страна.ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток на оваа кампања до самиот крај водеше исклучиво позитивна кампања. Наша цел беше на граѓаните да им ја презентираме нашата програма составена од 2046 различни проекти. Нашата цел беше на граѓаните да им презентираме што ние имаме намера да работиме во следниот мандат,“ изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ,Илија Димовски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ беше фокусирана на многу различни сегменти во текот на овие предизборни недели.
„Нашиот фокус се привлекувањето на нови фабрики и отварањето на нови работни места. Нашиот фокус се различните мерки за помош на многу категории на граѓани. Помош за вработување на младите, помош за земјоделците, зголемување на платите, пензиите и социјалните давачки на државата спрема ранливите категории. На овие избори наш фокус се изградбата на многу капитални инфрастуктурни проекти, на автопати, на магистрални, експресни, регионални и локални патишта, на пруги, не различни хидро системи и енергетски капацитети. Ние сме фокусирани на засилена подршка и инвестирање во образованието, во здравството, во културата, во спортот,“ потенцираше Димовски и додаде дека од другата страна не видовме никаква понуда, не видовме никаква реална програма. Не видовме што СДСМ би правела. Тие не понудија ништо за граѓаните.
Се што гледавме од нивна страна беше лични навреди, омраза и гнев. СДСМ на овие избори заборави на граѓаните. СДСМ се дрзна во неколку навреди и да ги навреди сите граѓани кои не гласаа за нив.Дури и денес, на последниот ден од изборната кампања, нивниот лидер Зоран Заев се одлучи да биде полн со омраза кон своите политички конкуренти. Денес повторно од него видовме еден грст на неразумни навреди и омаловажувања, и не само за Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, туку и за сите носители на листи. Заев денес не зборуваше ниту за работа, ниту за проекти, ниту за програми, ниту за потребите на граѓаните. Заев денес зборуваше со сопствениот гнев и со својата омраза која се базира само и само на фактот дека тој самиот не може да се помири со тоа што граѓаните ниту му веруваат, ниту го поддржуваат.СДСМ нека продолжи по оваа патека. Со оваа негативна кампања која ја спроведуваат граѓаните се повеќе и повеќе разбираат дека таа партија е без концепт, без правец, без идеи и без способност да се справат со значајни политички одговорности,“ додаде Димовски.