Димовски: За сите оние лешинари и платеници на Сорос – Срам да ви е!

За сите оние лешинари и платеници на Сорос кој оваа мигрантска криза ја споредуваат со децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. Срам да ви е! Ова е дел од ставот на пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски, објавен на Фејзбук, во одговор на денешните напади.

По нападите, навредите и кодошењата на Македонија и нашите безбедносни сили со најдолни коментари и пцовки по полицијата и армијата, од страна на соросоидите, на социјалните мрежи пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски излезе со свој став.

Имено, соросовите сателити речиси цел ден упатуваа напади, навреди и ја кодошеа Македонија и безбедносните сили на земјата, па дури се обидоа да ја споредат оваа криза со бегалската криза на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Криза која уништи илијадници семејства, живи запали неколку илијади деца, жени и старци со напалм бомби.

По однос на овој напад и споредбата на поранешната претседателка на Хелсинчкиот комитет Мирјана Најчевска и останатите соросови платеници од кои и воопшто не зачудува таквиот тип на вокабулар, (посебно ако се земе во предвид дека ова не прв пат тие да се појавуваат со коментари од ваков тип) Илија Димовски искоментира:

За сите оние лешинари и платеници на Сорос кој оваа мигрантска криза ја споредуваат со децата бегалци од егејскиот дел на Македонија да потсетам дека тогаш границата на ФНР Југославија беше затворена за сите наши. Тие бегаа во Бугарија и Албанија, по сите советски сателит држави, па потоа се враќаа во Македонија или заминаа за Канада, Америка и Австралија…

Затоа, срам да ви е!

dimovski-komentar-soros-1
Димовски: За сите оние лешинари и платеници на Сорос – Срам да ви е!

Претходно Димовски во уште еден коментар застана во одбрана на македонските безбедносни сили:

Република Македонија има право врз основа на меѓународната регулатива, но и обврска спрема своите граѓани, да воспостави ред и контрола на тоа кој и кога влегува во државата.
Предизвикот со мигрантите не е локален проблем, туку е глобален.
Полицијата е формирана и постои за да го зачува редот, мирот и сигурноста на граѓаните. Така е кај нас, но така е и во Франција, Германија, Италија, Грција,…
Порталчињата и НВО-та на Сорос почнаа пропаганда против Македонија и тоа во момент кога и Европската Комисија дава целосна поддршка за постапките на Република Македонија.
На сите ни е грижа за мигрантите, но Република Македонија има мали капацитети.
Нападите против македонската полиција се заради ситни и ниски политички поени и треба да бидат осудени од сите нас, напиша Димовски.

Димовски: Полицијата е формирана и постои за да го зачува редот, мирот и сигурноста на граѓаните.
Димовски: Полицијата е формирана и постои за да го зачува редот, мирот и сигурноста на граѓаните.