Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, од собраниска говорница кажа дека Владата сака да протне 9 нови проекти за автопатот Кичево – Охрид. За сето ова потребни се различни проекти, а не како што е планот на Владата сите да ги стави во анекс на договор. Изговор е дека се прави клучка за секое село дополнително и се трошат 160 милиони евра.
За овие дополнителни проекти кои што се приклучуваат на анексот треба да има посебна тендерска постапка и да се избере најповолен понудувач. Девете дополнителни проекти секој за себе, се со огромна вредност, кои вкупно вредат околу 160 милиони евра, едноставно ќе се приклучат со анекс на договорот, што е нелогично, рече Димовски.
Според него нема ваква пракса на друго место.
Каде во светот или во Европа има автопат на кој на секои 6 километри има клучка за поврзување на тамошните села, и градови да беа ќе се споеја со заеднички клучки, праша Димовски.
Тој потенцираше дека сето ова се прави со изговор дека за секое село се прави посебна клучка, а притоа веќе е инвестирано во локални патишта и алтернативни патишта.
Зошто тогаш се трошат дополнителни 160 милиони за клучки, заклучи Димовски.