Тој рече дека глобите за медиумите се во согласност со Законот за прекршоци којшто предвидува намалување односно нивно нивелирање.
Она што ние како политичка партија го застапуваме на овие разговори е во линија на тоа што организациите го соопштуваат, а тоа е во согласност со Законот за прекршоци намалување односно нивелирање на глобите. Оние субјекти коишто имаат поголеми приходи и поголем број вработувања ќе имаат одреден поголем процент од тоа што е пропишано како глоба, а помалите следствено на тоа помали, што значи ефективно намалување на глобите во согласност со веќе усвоениот Закон за прекршоци, изјави Димовски по прес-конференцијата на неколку медиумски организации.
Оние предлози за зголемување на казните за кои што се дискутира, како што кажа Димовски, не се став на ВМРО-ДПМНЕ туку се став на некоја од другите три политички партии предложени на Работната група.
Концептот што ВМРО-ДПМНЕ го промовирал на овие разговори, според Димовски, е стимулирање и поддршка на саморегулацијата помеѓу новинарите, во секоја редакција и, генерално, како проблематика во Република Македонија, од аспект на постигнување повисоки стандарди, етика и одговорност во обавување на оваа професија.
Различни ставови за работата на интернет порталите
Околу темата…