Германскиот фудбалски третолигаш Динамо Дрезден продал дури 72.112 влезници за натпреварот од второт коло од националниот куп против Дармштад кој во вторникот го загуби со 0:3 а беше игран пред празните трибини на „Вену Рудолф-Харбиг“ стадионот.
Поранешниот повеќекратен првак на некогашна Источна Германија им понудил на навивачите „влезници на сеништата“, наречени по „натпреварите на сеништата“, за пет 5 евра за да му помогнат на клубот во време на пандемијата на коронавирусот.
Водството на клубот е надевало дека ќе продаде 30.000 влезнции, но продале повеќе од 70.000 заработувајќи 360.050 евара. Динамо влезниците ги продавачл во повеќе од 30 земји во светот, дури и во Австралија.
„Ова беше неверојатна акција. Можете само да ја симнете шапката. Нокогаше немам видено нешто слично“, изјави напаѓачлот Патрик Вејхраух на клупската телевизија.
„Многуи пари во времињата без приходи од публиката. Ви благодариме на неверојатната поддршка, дреги навивачи на Динамо“, беше објавено на клупскиот акаунт на Twitter.