Динамо Загреб не успеа да го заддржи водството кое ги водеше во групната фаза на Лигата на шампионите, и ќе игра продолженија со норвешкиот Бодо/Глимт, додека Глазгов Ренџерс и Копенхаген го „фатија“ билетот за елитата.
На „Максимир“ Динамо имаше фантастичен старт на мечот, поведувајќи со голот на Мислав Оршиќ во 4. минута, за Бруно Петковиќ по асистенција на Стефан Ристовски да постигне фантастичен гол во 35. минута за 2:0. Ова беше резултат кој ги водеше „модрите“ во ЛШ, меѓутоа во второто полувреме, норвешкиот клуб имаше повеќе од играта, и во 70. минута, замената Алберт Гренбек постигна гол за 2:1, што значеше продолженија, бидејќи во првиот меч Бодо стигна до 1:0 победа.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, РЕВАНШ
Динамо Загреб (Хрв) – Бодо/Глимт (Нор) 2:1, прв меч 0:1, вкупно 2:2
ПСВ Ајндховен (Хол) – Ренџерс (Шко) 0:1, прв меч 1:1, вкупно 1:2
Трабзонспор (Тур) – Копенхаген (Дан) 0:0, прв меч 1:2, вкупно 1:2