Дино Раѓа доби свое место во „Куќата на славните“

Хрватскиот кошаркар, Дино Раѓа ноќеска беше примен во кошаркарската „Куќата на славните“ во американскиот град Спринфилд, како дел од „класата 2018“ меѓу кои и Џејсон Кид, Стив Неш, Грент Хил, Реј Ален…

Раѓа во својата кариера имаше извонредни настапи за „Бостон селтикс“, како и во дресовите на поранешна СФРЈ и Хрватска со кои освојуваше светски, европски титули како и два олимписки сребра. Зад себе има три титули европски шампион со сплитска „Југопластика“.

Раѓа е четвртиот Хрват кој доби свое место во кошаркарската куќа на славните по Крешимир Чосиќ, Дражен Петровиќ и Мирко Новосел.

Во својот емотивен говор Раѓа им се заблагодари на „селтикси“, но и на сите соиграчи и тренери од поранешната југословенска репрезентација, кои, како што кажа, го направиле подобар играч.