Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, на 17-ти месецов, 5 минути пред полноќ, во Штип, бил приведен од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога. За тоа има и полициски записник, дека е приведен, дека е пронајдена опојна дрога и дека следува поднесок.
-Почитувани, ова е тежок скандал. Прв човек на центар за социјални работи, центар за луѓе во социјален ризик, центар за деца во ризик, центар кој е одговорен за трезвеност во носење одлуки за помош на деца и семејства во ризик, меѓу кои и помош за состојби предизвикани од зависности, таков центар е воден од директор, кадар на СДС, фатен во трговија со дрога, изјави на прес конференција, портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Легитимно е прашањето, додаде тој, дали одлуките коишто се носени во меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш, директорот Филев, избор на Јована Тренчевска, ги носел воден под дејство или во врска со неговата ноќна активност, да повторам, фатен во 5 до полноќ во Штип од полициски службеници од одделот за недозволена трговија со дрога?
Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме, време е да си ја вратиме државата!, порача Стоилковски.