Директор на една од врвните државни културни установи во Македонија вечерва околу 21,20 часот удрил девојче во скопската населба Кисела Вода, објави порталот Пресс 24.
„Според неофицијалните информаци, несреќата се случила во близина на (бифето) Шампионче, а директорот според сѐ уште непотврдените информации бил под дејство на алкохол а дрегерот на полициските службеници покажал исклучително висока концентрација“, пишува порталот.
Девојчето веднаш било префрлено во болница, но сѐ уште нема информација каква е нејзината состојба. Директорот е задржан во полициска станица.
Од МВР сѐ уште не може да се добие потврда на оваа информација.