-Аферата „Паразити“ продолжува во М-НАВ. Покрај Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски, плата од 3.000 евра месечно зема и Миѓен Салмани, член на Управен одбор и извршен директор за финансиски работи, за правни работи, развој и инвестиции во М НАВ, вели Ивица Томовски членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека Салмани за една година од М-НАВ земал и до 36.000 евра, а за еден мандат ќе наплати 144.000 евра.
-Кој е придонесот на Салмани, за оваа висока плата? Што направил Салмани за да ги одработи тие 3.000 евра месечна плата? Салмани, заедно со Фехрудин Хамиди и Владо Крстевски, го чинат државното М-НАВ над 630.000 евра за плати за време од 4 години. Да, над 630.000 евра за 4 години ја чинат М-НАВ овие тројца директори, а никој не знае кој е нивниот придонес. Дел од „Паразити“ е и Фестим Халили, директор на ФИТР, тој месечно зема плата од 1.000 евра. А, за еден мандат тоа се речиси 50.000 евра, вели Томовски.
Тој прашува кој е бенефитот за Македонија од работата на Халили?
-Со плата иста како Халили е и Љубе Бошкоски, кој зема 50.000 евра за еден мандат, а резултатот од неговото работење како советник во владата никој не го знае. Аферата „Паразити“ покажува десетици функционери како земаат десетици илјади евра на име плата, а притоа немаат никаков резултат, со што би ги оправдале така високите примања, додека народот гладува, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.