Директорот на БЈБ во прегратка со активистката што посакуваше на полицајците „Куманово пак да ви се деси“

Фотографија од новиот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, Сашо Тасевски, и активистката на СДСМ, Ивана Божиновска, кружи по социјални мрежи.

Фотографијата е објавена на „Фејсбук“ профилот на Ивана Божиновска, девојката која на македонската јавност и’ стана позната во 2016 година, кога на тогашните протести предводени од СДСМ и платеничката т.н. „Шарена Револуција“ јавно им порача на македонските полицајци:

„Да даде Господ Куманово пак да ви се деси“.

Инаку, во вооружениот конфликт во кумановско „Диво Насеље“, во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а 37 беа ранети.

Непосредно по крвавата пресметка тогашниот опозициски лидер Зоран Заев, беше во посета на „Диво Насеље“, каде се фотографираше со локалното население.

Во конфликтот беа убиени 10 терористи, а 30 беа заробени, и потоа беа изведени на суд и осудени на доживотна затворска казна, но подоцна власта предводена од Зоран Заев и СДСМ ги поништи пресудите и го врати судењето на почеток.