На Фејсбук се споделува статус на директорот на струмичката болница кој моли сограѓаните, кој колку може, од срце да донира за да може да купи амбулантно возило. Овој статус е можеби најжалниот во кој се моли за здравје. Во оваа понизност на која е изложен директорот на Заев и Филипче се содржи трагедијата на целиот здравствен систем во Македонија. Ова не е лична трагедија, туку трагедија на една цела нација.
Директорот на Струмичката болница Наке Гогов во статусот моли за донации за купување амбулантно возило. Болницата во градот на Заеви, не е во можност да им излезе во пресрет на сите на кои им е потребна итна медициска помош бидејќи, како што пишува Гогов, транспортот на пациенти е неколупати зголемен, а болничките возила се застарени и често се расипуваат.
Гогов моли кој колку може да даде, односно да уплати на жиро-сметка.
Често се пишува за возниот парк на Заеви, апсолутните господари на Струмица, а и тие самите не се стегаат да го покажат. Само еден мотор за забава во ергелата на премиерот вреди повеќе од 30.000 евра.