Директорот на Херитиџ, која е највлијателна организација во Вашингтон, Џим Де Минт и близок човек до претседателот на САД, Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс отворено истапи против Џорџ Сорос, Зоран Заев и Џес Бејли.
Де Минт на Твитер ја сподели колумната од весникот „Daily Signal“ на неговата фондација Херитиџ, со свој коментар, истакнувајќи дека Џорџ Сорос ја турка неговата левичарска агенда и во оддалечените места како Македонија, и тоа со помош на грантови од САД.
На Твитер Де Минт го следат речиси сите сенатори и конгресмени од владејачката Републиканска партија, како и од Белата Куќа, Стеј Департментот и Пентагнон.
Во текстот на „Daily Signal“ се вели дека Македонија станува симбол на битката во Европа меѓу конзервативните партии кои ги поддржуваат традиционалните вредности и националниот суверенитет, и оние, често финансирани од страна на либералните милијардери со амбициозна агенда, која вклучува либерални дроги и сексуално-ориентални политики, како и транс-национализам.
Се посочува и дека ВМРО-ДПМНЕ не е поддржувач на про-Путиновите политики, туку оти одамна е цврсто про-американска и про-НАТО партија.
За блискоста меѓу претседателот на Херитиџ, Де Минт со Трамп и Пенс пишуваат многу американски медиуми.
Њујорк Магазин пишува дека Де Минт е човекот кој стои зад кампањата на Трамп и Пенс, транзицијата во власта, а се претпоставува дека и тој ги предложува луѓето кои ја предводат администрацијата на американскиот претседател.
И телевизиската куќа СИ-ЕН-ЕН, исто така, пишува дека фондацијата Херитиџ имала голем удел во транзицијата на Трамп и Пенс како негов кандидат за потпретседател, и оти токму оваа организација ги влече главните конци.
Порталот „McClatchy DC“ пишува дека Доналд Трамп и Де Минт се неверојатен пар, а првиот човек на Херитиџ ужива на позицијата како еден од највлијателните луѓе во Вашингтон по смената на претседателот.
Во текстот на „McClatchy DC“ се посочува дека освен прес-конференции, организацијата Херитиџ заедно со Де Минт работат на поттикнување на администрацијата и Конгресот на републиканците да се земе длабоко конзервативна линија за неколку деликатни прашања, почнувајќи од даночните реформи и Законот за здравствена заштита, кои Де Минт сака да се укинат веднаш.
Инаку, Херитиџ е главниот кадровски центар во Вашингтон од каде што со кадри се пополнува новата американска администрација.