Директорот на Македонија пат, во полициски час не спорел на полициска контрола

Се возел во Ренџ ровер сред Тетово во полициски час и не запрел на полициска контрола. Директорот на Македонија пат бил престигнат од полицијата дури на наплатната рампа Желино, кон Гостивар.

Настанот се случил синоќе во 21.40 часот на улицата Илинденска во Тетово. Полициските службеници дале знак за возилото со скопски регистрации да сопре, но тоа не застанало и продолжило кон Гостивар. Кога полицијата го пресретнала на патарината било констатирано дека се работи за Б.М. кој сам се преставил дека е директор на Јавното претпријатие Македонија пат.

Со наредба на Јавен обвинител за директорот ќе биде побарана казна од 300 евра по законот за безбедност во сообраќајот за непочитување на наредби на службени лица.