Дизелот поевтин за денар, бензините поскапуваат за денар и за денар ипол

Од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со одлуката од 14.08.2023 година. Со тоа малопродажната цена ќе изнесува 87,50 ден/лит., одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ.

Освен тоа, и цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 во малородажба се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на 14.08.2023 година и со тоа ќе изнесува 90,00 ден/лит.

Додека, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. и ќе чини  80,00 ден/лит.