Дневен хороскоп 07.04.2018

ОВЕН

Ако сметате дека постои блокада, погледнете подлабоко во себе и не барајте ја вината кај другите. Застанете и размислете и ќе увидите дека сепак имате нежна и доверлива врска. Ќе успеете да уживате во убавина и хармонија.

БИК

Денес би можеле да чуете вознемирувачки вести кои ќе ви помогнат да се дистанцирате од некоја деструктивна врска или договор. Потребна ви е отворена комуникација и не дозволувајте негативните емоции да ве повлечат.

БЛИЗНАЦИ

Не дозволувајте му на чувството на заглавеност да ви го диктира темпото на животот. Ако не можете да напредувате сега, ќе можете наскоро – бидете потрпеливи. Немојте да молчите, туку користете го резонот и интелектот

РАК

Ќе можете да живеете во мир со своето внатрешно дете откако ќе му дозволите да порасне – немојте да сте мал тиранин денес! Прашајте се зошто се лутите и кому и фокусирајте се на она што сè уште го имате. Гушнете се себеси.

ЛАВ

Денес ќе биде добро да сте пофлексибилни и отворени и на тој начин ќе ги смените застарените навики. Ќе ја повратите својата сила доколку не се чувствувате заплашено или беспомошно. На нов начин се грижите за себеси.

ДЕВИЦА

Вашиот пат ви укажа дека ви е потребна самодоверба – поработете на ова свесно. Сега ќе научите да ги гледате работите пореално и да одредите во која категорија припаѓаат, а тоа е материјалната сфера. Не губете интерес денес.

ВАГА

Пред вас се појавува неочекуван предизвик, а со кој нема да се соочите во својата полна сила. Воздржете се малку и не откривајте сè што размислувате и избегнувајте воајеризам, бркање вештерки или кодошење. Имајте резон.

 

СКОРПИЈА

Неколку аспекти укажуваат на слабост при соочување со тешкотиите и проблемите. Внимавајте да не се истурите некому во погрешно време и зборови. Бидете спремни и обидете се да се одбраните себеси. Разум!

СТРЕЛЕЦ

Денес е добро да внимавате на тенденцијата кон преголемо трошење и расфрлање на своето богатство на непотребни луксузи. Избегнувајте ја својата коцкарска природа за да не западнете во семејни проблеми. Пораснете малку!

ЈАРЕЦ

Среде збревтаната ситуација, наоѓате време да се повлечете и да размислите за сè повторно. Се подготвувате за финалната битка со голема организација. Со силна одлучност зацртувате линија и играте на сè или ништо.

ВОДОЛИЈА

Се однесувате како да е дојдена зима – со ретроградниот Марс во вашиот знак ќе треба да поработите на застарените навики и да ги смените. Отфрлете го непотребното и нова енергија ќе влезе во вашиот живот. Суетни сте

РИБИ

Немојте да се нервирате доколку не сте ги забележале сите детали на претходно донесените одлуки – не ѝ дозволувајте на конфузијата да ве направи немоќни и неподвижни. Фокусирајте се и ослободете се од незгодните врски.