Нова недела е пред нас и она што ѕвездите го подготвиле за овој прв ден во неа, да речеме за почеток да бидете подготвени да бидете цел ден под некаква сила која нема да ви даде да одите напред, туку постојано ќе бидете под впечаток дека се движите во место и завршувате нешто на што не се наѕира крајот!
Ова води кон конфузија и нервоза, во крајна линија до целосна ментална состојба на колапс, повлекување и депресија. Уметниците во оваа приказни можат само да профитираат, бидејќи тие ќе останат неодредено време во светот на фантазија, збогатување со претходните дела.
Можни проблеми со сообраќајот, метеж, повеќечасовни чекања, особено ако одите надвор од земјата. Избегнувајте нервоза и слушајте патем прекрасна музика.
Овен
Некој има позитивно влијание врз вашиот начин на размислување или врз одлуките што ги донесувате. Кога имате луѓе на доверба до вас, сè е лесно да се реши и успешно завршува. Најголемо задоволство или задоволство ви носи средба со блиска личност,која навистина може да ве израдува и да ви угоди. Уживајте во работите кои емотивно ве исполнуваат. Добро се чувствувате.
Бик
Ви се нудат различни идеи за деловна соработка. Добар избор на деловните прашања произлегуваат од заеднички договори и консултации со сигурни соработници. Важно е во добар професионален начин да се исполнуваат различни очекувања. Дајте му на вашето семејство или на саканото лице повеќе радост и повеќе од што било друго – добра забава. Со искрени намери,усреќете го саканото лице. Повеќе спијте.
Близнаци
Имате добро претчувство и со нетрпение чекате некој бизнис разговор со влијателна личност. Важно е парвилно да ги истакнете своите професионали способности, но не и да загрозите нечии интересите. Поттикнете го духот на истражувањето и чувството за добар вкус во многу ситуации кои ве придружуваат во приватен живот.Ќе ви годи емотивн средба и некој омилена забава. Не сте во кондиција.
Рак
Понекогаш треба да имате доволно професионална мудрост и да молчитена различни коментари на состанокот со соработниците. Важно е да ја сочувате самоконтролата пред лице кое има негативно влијание врз вашето расположение или однесување. Вие реагирате премногу раздразливо во ситуации кои ве придружуваат приватно. Прекумерни емоции или нови барања дејствуваат иритирачки на саканата личност. Добро се чувствувате.
Лав
Некој го наруши вашиот бизнис концепт, така што вие сте принудени да барате заобиколено решение. Понекогаш е тешко да се помират различни интересирања и заеднички бизнис ритам. Емотивно сте вознемирени. Сакате да оставите позитивен впечаток за личноста што ви се допаѓа, но сеуште не ја наоѓате вистинската улога што треба да ја користите да ги презентирате своите искрени чувства. Проверете ја крвната слика.
Девица
Обрнете внимание на нови информации или на нечие предупредување. Важно е со своето однесување да дадете добар пример. Ако претерате со своите барања, работната средина не сака да ве поддржува. Не можете да се одморите од различните настани што ве придружуваат. Некој одеднаш ќе ви зададе дополнителни проблеми или нови љубовни дилеми. Повремено се однесувате многу несигурно. Хронични тешкотии.
Вага
Не ви се допаѓа улогата што некој ви ја дава, но не се брзајте.Почекајте вистината да излезе не виделина. Различните околности се на ваша страна. Важно е да ја зачувате вашата енергија за некои корисни цели. Одговорете на некое барање и промените ги вашите воспоставени навики ако сакате на таков начин да го направите вашето семејство среќно. Направете некое убаво изненадување на лицето кое ви е важно. Можна главоболка.
Скорпија
Ако го погодите вистинскиот момент и на вистинското место, ве очекува деловна добивка или некоја форма на јавно признание. Успех произлегува од добра подготовка. Проценете ја вашата улога и место во соработнички редови. Важно е да делувате волшебно и афирмативно кон вашиот партнер. Во согласност со емоционалната инспирација што ја чувствувате, користете ги и своите заводливи способности. Добро се чувствувате.
Стрелец
Средбата со едно лице делува поучно на вашиот начин на размислување. Затоа обрнете внимание на нови информации кои откриваат важни детали за деловна соработка. Покажете поголема селективност во размислувањето. Не дозволувајте некој од можеби себични побуди да ја спречи вашата волја и правото на емотивен избор. На крајот ќе заклучите дека вие заслужувате подобар третман. Земајте витамини.
Јарец
Кога постои недоразбирање, важно е да се зачува присебноста на духот и да се однесувате со професионални манири. Задржете ја претпазливоста пред лице кое умее да го игнорира вашето присуство. Поради емотивна несигурност, повремено делувате строго и со барања кон партнер. Вие не можете да останете доследни во вашите одлуки подолг период. Добро се чувствувате.
Водолија
Првиот работен ден во неделата бидете резервирани и не дозволувајте некој, своите фрустрции, да ги искали на вас. Подобрете го расположението во соодветно општество. Не дозволувајте некој да го менува вашиот емоционален ритам или потребите кои ги имате. Секогаш постои некој кој те разбира добро. Поработете на кондицијата.
Риби
Состанокот со едно лице открива некои важни детали за деловната природа кои до сега ви биле непознати. Заедничкиот договор претставува знак или увертира за успешна соработка. Ако сте заинтересирани да го израдувате партнерот, бидете доволно креативни во секој аспект. Разновидноста во изразувањето на мислите и чувствата не само што ја збогатува љубовната врска, туку дејствува позитивно и на двајцата. Повеќе шетајте.