Дневен хороскоп – 1 февруари 2019

Овен

Денес потпрете се на фактите пред да донесете конечна одлука поврзана со близок пријател или член од семејството. На работното место ќе бидете најпродуктивни ако им погледнете на стравовите во очи. Конкуренцијата е одлична работа. Во љубовта, следете го ентузијазмот кој го чувствувате. Тој ќе ви отвори нови хоризонти.

Бик

Движете се во средини со попаметни луѓе од вас, денес тоа ќе ви донесе примамливи понуди за соработка. Не лутајте со умот, фокусирајте се на обврските кои ве чекаат. Приватно, треба помалку да се потпирате на очекувањата и идеалите. Во љубовта избегнувајте постапки кои може негативно да се одразат на вашите морални вредности.

Близнаци

Дозволете емоциите да ве водат низ денешниот ден и одлуките кои ги носите. На работното место не навлегувајте во контроверзни дискусии и внимавајте на кого се доверувате во врска со финансиите. Во љубовта имајте повеќе емпатија пред да изреагирате, ако сакате да ја сочувате хармонијата.

Рак

Неопходна ви е пауза од секојдневната рутина и распоредот на обврски. На работното место делувајте по приоритетите и не подлегнувајте на молбите на колегите. Во спротивно, ќе бидете во трка со времето која ќе заврши неуспешно. Љубовните дискусии поврзани со планирање на иднината одложете ги за друг ден.

Лав

Потребата за слобода денес ќе ви донесе прилично радикални, но позитивни идеи за промени. На работното место дозволете работите да се стишат, бидејќи со галама ништо нема да постигнете. Работете на мирен терен. Во љубовта ќе мора да бидете потпора и да понудите поддршка. Бидете подготвени да сте рамо за плачење.

Девица

Денес внимателно со тонот на кој ги искажувате вашите желби и барања, може да создадете конфликти од ништо. На работното место секое одложување на обврските може да ве чини пари. Не дозволувајте мрзеливоста да ве совлада. Во љубовта барајте решенија, наместо виновник.

Не си создавајте грижи кои реално не постојат, само затоа што мислите ви се скептични. На работното место ова е поволен ден за поставување на стабилни темели за нови договори и проекти. Приватно, ќе се соочите со емотивни предизвици. Потребна ви е стратегија, не упорност.

Вага

Не си создавајте грижи кои реално не постојат, само затоа што мислите ви се скептични. На работното место ова е поволен ден за поставување на стабилни темели за нови договори и проекти. Приватно, ќе се соочите со емотивни предизвици. Потребна ви е стратегија, не упорност.

Скорпија

Ова е поволен ден за било што поврзано со работата. Внимавајте на деталите при склучување на нови договори и партнерства, бидејќи тие може да ве чинат пари. Денес може да испланирате некое патување кое долго го одложувате. Во љубовта сте инспиративни и позитивни, па прекршете ја дневната рутина со некоја нова активност во пар.

Јарец

Денес најголемо задоволство ќе ви биде ако сте активни и корисни. На работното место признајте си ги грешките за да не направите поголеми компликации. Приватно, повеќе посветете се на домашните. Ова е поволен ден за нови познанства кои може да прераснат во љубовни поврзувања во иднина.

Водолија

Не се откажувајте лесно во дискусиите со пријателите. Не потпаѓајте под влијанија кои знаете дека не ви одговараат. На работното место гледајте долгорочно и избегнувајте краткорочни, брзи шанси за заработка. Приватно, не ги кријте емоциите. Партнерот ќе ви биде благодарен ако отворено зборувате зошто сте нервозни и под стрес.

Риби

Одговорноста денес ќе ви се исплати на работното место. Работите ги гледате појасно отколку колегите, па искористете ја таа предност за финансиски напредок. Избегнувајте физички тешки активности, склони сте на повреди. Не претерувајте за грижите за љубовната иднина. Сегашноста е поважна.