Овен
Уплашете се и избегајте или соочете се и победете. Денес во вас ќе се разбуди чувство на страв кое сте мислеле дека одамна го надминавте, а како ќе постапите зависи само од вас.
Верувајте во себе, независно каков предизвик стои пред вас. Самодовербата е можеби најмоќното нешто што може да го поседува една личност.
Бик
Нов месец, нови навики. Денес ќе се насочите кон промени и ќе инспирирате со одлучноста да се откажете од слатките задоволства или од цигарите. Приоритет ќе ви биде грижата за себе.
Сепак не брзајте да направите повеќе промени истовремено. Изберете го принципот еден по еден и ќе бидете далеку поуспешни.
Близнаци
Денес ќе бидете склони да се коцкате на секое поле од животот. Ќе ризикувате без да ги пресметате можните последици, но наместо тоа да ве повреди, ќе ве усреќи повеќе од очекуваното. Можно е со еден ризичен потег да го надминете трудот на претпазлив конкурент.
Запомнете дека вашата фантазија е местото каде можете да ги најдете потребните одговори.
Рак
Денес ќе бидете позаинтересирани да ги откриете скриените намери на луѓето одошто да ги слушате нивните зборови, бидејќи ќе бидете убедени дека луѓето ретко ја кажуваат вистината. За жал, недовербата кон другите ќе ви става сериозен израз на лицето.
Поминете ја вечерта дома. Згответе го омиленото фамилијарно јадење и разговарајте на забавни теми со најблиските.
Лав
Животот денес ќе ви постави една од своите стапици, па можно е да си мислите дека сте осудени да бидете несреќни, што не е воопшто точно. Колку побрзо ќе се издигнете над проблемите, толку посилна личност ќе станете.
Не дозволувајте еден предизвик да ви ја уништи ведрината. Научете да танцувате на дождот.
Девица
Направете го и четвртокот ден за промени, особено кога тој означува нов календарски месец. Денес нечии постапки ќе ве инспирираат да станете подобра личност, па направете го првиот чекор веднаш.
Не се откажувајте од вашите идеи само затоа што некој ве убедува дека тие не се доволно добри. Здружете се со личност која го мисли спротивното.
Вага
Денес љубопитноста ќе ви биде огромна. Не се изненадувајте ако добиете желба да изучите нов странски јазик, да откриете нова професионална област или да прочитате книга која не е од вашиот омилен жанр.
Поставувајте прашања и тие ќе ви бидат одговорени. Покажувајте интерес кон животот на луѓето.
Скорпија
Престанете да се жалите за нешта кои не можете или не планирате да ги промените и наместо тоа, насочете се кон оние кои можете. Така ем ќе ја искористите енергијата правилно, ем нема залудно да им го трошите времето на другите.
Обиколете се со романтични нешта вечерва. Пуштете си ги омилените балади, ставете вазна со цвеќе на масата и дозволете му на саканиот да ве разгалува.
Стрелец
Оставете го минатото во минатото. Денес планетите ве охрабруваат да престанете да се враќате наназад и да роните солзи за оние кои некогаш ве повредиле и да погледнете напред за да пронајдете некој што никогаш не би ве расплакал.
Запомнете дека кога ќе затворите една врата зад себе, многу други ќе се отворат пред вас. Ѕирнете што има зад нив.
Јарец
Најдобрата одмазда за оние кои сакаат да ве повредат е успехот. Денес пуштете орлови нокти за да се искачите кон врвот, колку и да се големи пречките кои стојат на вашиот пат. Ќе се чувствувате непобедливо откако еднаш ќе стигнете таму.
Не влегувајте во дебати со тврдоглави личности. Нема поента да се обидувате да промените некој кој не сака да биде променет.
Водолија
Вашата лојалност ќе дојде до израз денес, па кога и да имаат блиските потреба од вас, ќе бидете покрај нив, дури и тоа да значи да ги занемарите сопствените обврски. Не грижете се, добрите дела со добро се враќаат.
На крајот од денот ќе имате потреба од возбуда и адреналин. Пронајдете пат кој може да ве одведе на незаборавна авантура.
Риби
Денес насмевката ќе ви биде најпривлечниот моден додаток, па гледајте таа да биде широка. Неочекуван настан ќе ве расположи максимално и ќе биде предвесник дека за вас доаѓа прекрасен период.
Приоѓајте им на луѓето со чисти намери. Ако не сакате некој да биде ваш пријател, не се зближувајте со него, точка.