Овен
Примамливо ви е да се гледате тајно со една личност. Некои работи можеби нема да ги забележите во вистинско време. Ќе бидете малку повеќе расеани и деконцентрирани.
Бик
Љубовната идила нема да трае долго. Искористете го налетот на креативност и своите тајни адути. Избегнувајте ги пороците.
Близнаци
На лагата секогаш и’ се кратки нозете, затоа внимавајте што правите. Не е поволен ден за деловни договори. Добивката е помала. Добро се чувствувате.
Рак
Партнерот не е поважен од вас. Мислете малку и на своите потреби. Некој избегнува да го прави тоа што ви го ветил. Бидете внимателни во сообраќајот.
Лав
Уживајте во моментот и не се оптварувајте без потреба. Помалку зборувајте за вашите планови пред другите. Здравјето ви е добро.
Девица
Не е момент за сериозни разговори со партнерот. Сите планови денеска ќе паднат во вода. Расположението ќе ви биде променливо и депресивно.
Вага
Сите ваши заводнички способности доаѓаат до израз. Мора да внесете иновации во работата која што ја извршувате. Чувствителен ќе ви биде респираторниот систем.
Скорпија
Денеска е можно изненадување и подгответе се за посебен гостин. Бидете задоволни со она што сте го постигнале. Здравјето ви е добро.
Стрелец
На емотивен план и понатаму е стабилно. Мора да бидете внимателни. Некои грешки скапо ќе ве чинат. Здравјето ви е добро.
Јарец
Партнерот во следните денови ќе биде посебно чувствителен. Доколку студирате не е поволен ден за полагање испит. Немате проблеми со здравјето.
Водолија
Во љубовта очекувајте повеќе предизвици. Можна е љубовна авантура. Без многу маки можете да ги убедите сите во она што го сакате. Внимавајте што јадете.
Риби
Вашиот партнер од вас крие многу работи. Денеска добро размислувате пред да кажете било што. Здравјето ви е добро.