Овен
Доколку почувствувате замор, најдобро е да ги наполните батериите на воздух. Ова е добар ден за проширување на деловните контакти. Не се срамете да кренете слушалка. Во љубовта инстинктите ќе ви помогнат да ги гледате работите појасно. Избегнувајте брзи одлуки.
Бик
Главата ви е во облаци, затоа ова не е поволен ден за големи приватни одлуки и промени. На работното место сте преморени, побарајте помош од поискусните колеги и вклучете се во тимски задачи. Во љубовта користете различни тактики и пристапи. Не избрзувајте со заклучоците.
Близнаци
Можно е да се отворат тензични дискусии во кругот на семејството. Неопходно е внимателно да слушате пред да зборувате. На работното место избегнувајте да ги следите туѓите идеи, мислете со своја глава. Љубовната ситуација ќе биде подобра доколку испланирате интимни активности во пар.
Рак
Премногу се грижите за туѓите проблеми, премалку за вашите. Поставете си построги граници, во спротивно ќе се исцрпите и здравјето ќе ви страда. На работното место бидете практични, не идеализирајте. На поле љубов не очекувајте се да биде по ваше, научете се на компромиси.
Лав
Ве очекува драматичен ден во кој ќе имате милион обврски, па затоа добро би било да ги подредите приоритетите. На работното место избегнувајте дискусии со колегите кои не се однесуваат на работата. Не би било лошо да му посветите повеќе време на партнерот. Признајте дека ја запоставивте љубовта.
Девица
Денес прифатете ги советите од поискусните и повозрасни личности. На работното место ослободете ја креативноста, таа ќе ви отвори нови хоризонти и познанства. На поле љубов добро би било да дозволите да ве води разумот. Емоциите ве вовлекуваат во рутина.
Вага
Денес е поволен ден за забава и безгрижност, сериозните дискусии оставете ги за друг ден. На работното место не ја игнорирајте моќта на проверувањето на информациите, тоа ќе ве спаси од конфликти со надредените. Во љубовта внимателно одбирајте ги зборовите, ако не сакате да го повредите партнерот.
Шкорпија
Не дозволувајте да ве спречат туѓите мислења и луѓето кои не веруваат во вас. На работното место бидете подготвени за изненадувања, пријатни и непријатни. Приватно, ве водат импулсите. Ова не е поволен ден за сериозни љубовни одлуки.
Стрелец
Не дозволувајте туѓите тензии да ви го нарушат внатрешниот мир. Во работата сконцентрирајте се на деталите, тие ќе бидат од посебна важност денес. Во љубовта владее хармонија. Искористете ја за се препуштите и да побарате емотивна сигурност.
Јарец
Денес не се плашете да побарате помош од блиските за било што. На работното место добро би било да држите дистанца од дискусиите кои не се однесуваат на работата. Љубовната ситуација е стабилна, само не поставувајте провокативни прашања.
Водолија
Добро би било да ги лимитирате физичките активности, на телото му треба одмор. На работното место ќе ви се исплати дипломатскиот пристап кон проблемите. Среќата ви е на поле финансии, не дозволувајте малите несигурности да ви го попречат успехот. Во љубовта бидете претпазливи, можно е да провоцирате без издржана причина.
Риби
Денес е неопходно да излезете од секојдневната рутина. На работното место практикувајте задачи во мали групи или сами, гужвите не ви одговараат. Поемотивни сте од вообичаено, па затоа ова не е поволен ден за отворање на дискусии. Бидете спонтани.