ОВЕН
Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте да се жртвувате, но длабоко во себе чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце, ако е со цел повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.
БИК
Имате променливо расположение и склони сте на нервоза, особено во односот со партнерот. Внимавајте какви обврски прифаќате, бидејќи не сте во позиција да ги почитувате сите договори. Не играјте на сѐ или ништо, ќе бидете поразени во клучниот момент.
БЛИЗНАЦИ
Сè што знаете е дека ви треба промена. Немате услови за патување, а токму тоа би ви помогнало во моментов. Не паѓајте во мрачни расположенија, работите се одвиваат како што треба, наскоро ќе знаете што треба да правите.
РАК
Ве притискаат роковите. Вашите квалитети се доведуваат во прашање бидејќи сте премногу бавни. Стресни сте од брзањето, особено кога се работи за нешто што, според вас, е многу важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до сопственото темпо и денот ќе мине во мир.
ЛАВ
Ова е ваш ден. Коцките се редат една по друга, работите се решаваат сами одсебе. Пријатно сте изненадени бидејќи не очекувавте таков подарок од небото. Не се занесувајте од моменталниот резултат, бидејќи тој не дојде со вашите напори, туку го реши факторот среќа.
ДЕВИЦА
Чувствувате дека некој се обидува да ви се закани. Победата е можна со голема борба доколку истраете. Во овој период, многу од вас ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа, која е резултат на промените кои се на повидок, а над кои немате контрола.
ВАГА
Заморени сте од темпото што ве притиска. Ви треба одмор. Ден минат со семејството и опуштена атмосфера, тоа е она што би ве развеселило. Мислите дека тоа е невозможно, а заборавате дека нема недостаток на избори, избор.
ШКОРПИЈА
Пред вас е убава деловна понуда која навистина ја посакувавте, но сега се плашите. Очекувате интензивна поддршка од саканата личност, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете свои, опуштете се и победите со својот шарм.
СТРЕЛЕЦ
Целото ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во вашиот семеен круг. Кулминацијата може да дојде денеска, бидејќи аспектите на небото најавуваат итни и принудни промени. Не бегајте од проблемите, решително соочете се со промените.
ЈАРЕЦ
Не сте доволно упорни, пребрзо се откажувате. Чувствувате дека никој не ве разбира и не ја забележува вашата жртва, за која верувате дека е преголема. Лошото чувство е моментална малаксаност, па не правите потези за кои подоцна ќе се каете.
ВОДОЛИЈА
Транзитите укажуваат на можноста да влезете во конфликт со вашите најблиски. Кризата во семејството може да трае доколку не се потрудите и не преземете конкретни чекори, дури и ако тие ви се непријатни. Не заборавајте дека тие не се ваши непријатели.
РИБИ
Денеска се можни неочекувани семејни тензии, најверојатно поради финансиите. Реагирајте трпеливо и не влегувајте во расправии, бидејќи решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. Во текот на попладневните часови пристигнуваат вести за прилив на пари на кој никој од вас не сметал.