Дневен хороскоп за петок, 30-ти декември 2022-ра

ОВЕН
Ве очекува активен ден во кој ќе имате можност да спроведете многу од идеите што ги имате од неодамна. Добрата работа е што не сте сами во вашите напори, туку имате доволно луѓе околу вас кои ќе ви помогнат. Не го игнорирајте фактот на кој сите околу вас ќе обрнат внимание, тоа тешко дека е случајно. Одлично ја завршувате работната седмица.

БИК
Вие го правите сосема спротивното од она што е во ваш најдобар интерес. Ги игнорирате вредните совети од блиските луѓе. Внимавајте на нивните зборови, тие нема да ви наштетат. Полни сте со енергија, најдете начин да потрошите дел од неа.

БЛИЗНАЦИ
Доколку околностите ви даваат избор, верувајте во вашата интуиција. Прашајте го своето срце што е добро, а што не. Не плашете се да ризикувате кога е потребно. Можеби ова е победничката карта за вас. Не ја одложувајте вашата одлука премногу долго за да не го пропуштите моментот. Љубовните расположенија ќе владеат кај дамите.

РАК
Промената на плановите и дополнителните обврски ќе ви одземат време денеска. Со добра намера ќе ги поттикнете колегите да бидат поактивни, но, за жал, нема сите да имаат разбирање за тоа. Некои од претставниците на знакот ќе почнат да се подготвуваат за претстоен настап, макотрпно развивајќи ја својата стратегија.

ЛАВ
Ве очекува интересен ден полн со многу искуства. Сакате предизвици и ќе правите нешто што досега не сте го направиле. Можно е да имате среќа во хазардни игри, но бидете умерени и не претерувајте.

ДЕВИЦА
Вашите активности денеска ќе ви го зголемат вниманието и способноста за работа. Ќе ги покажете вашите аналитички способности и со вашата способност да убедувате ќе доведете еден договор до успешен завршеток. Не дозволувајте интригите да ви го расипат доброто расположение. Интересен состанок за некои од вас може да прерасне во обврзувачка врска.

ВАГА
Ќе работите на вашите идеи, внесувајќи повеќе јасност, особено во економска смисла. Некоои од вас ќе добијат важни информации со кои ќе унапредат проект, договор или друга задача од нивна интерес. Одржувајте ја вашата физичка форма незапоставувајќи го спортот и незлоупотребувајќи алкохол.

ШКОРПИЈА
Имате одредено двоумење за конкретен ангажман денеска, но тоа брзо ќе исчезне. Околностите на работното место денеска се особено поволни и ќе можете да го искористите овој факт. Успевате да освоите позиции кои уште долго ќе бидат во ваш интерес. Направете нешто посебно за блиската личност.

СТРЕЛЕЦ
Ќе го промените вашето мислење за некое прашање по консултација со стручњаци. Тоа ќе ви помогне брзо да се движите низ ситуацијата со тоа што ќе ја направите вистинската работа и ќе тргнете во вистинската насока. Бидете помалку критични кон другите и не го игнорирајте нивното право да имаат свои ставови за работите што ги засегаат.

ЈАРЕЦ
Времето ќе ги достаса оние кои ја следат сопствената програма. Си поставувате задачи кои не можат да се одложат со оглед на вашиот немир, но ќе ги завршите навреме. Меѓу нив се поправки во домот, поправки на автомобил или лични обврски. Покана за состанок, можеби нова врска која ќе ве инспирира и ќе ве направи подружељубиви и љубезни.

ВОДОЛИЈА
Донекаде ќе бидете зависни и од други луѓе за да ги постигнете вашите намери. Бидете јасни за вашите услови, дури и кога станува збор за мали нешта. Оваа прецизност подоцна ќе ве спаси од непријатни емоции. На личен план ви претстои промена на приоритетите, многумина од вас ќе гледаат во друга насока од сегашната.

РИБИ
Особено ќе ве радува довербата што сте ја изградиле со луѓето околу вас. Ве очекуваат убави изненадувања, но ќе запреме дотука. Зголемената енергија околу вас ќе ве направи особено активни. Со своите постапки ќе ги стоплите душите на осамените и тажните, а има некој кој ќе се грижи за вашите.