Дневен хороскоп за понеделник, 16-ти мај 2022-ра

ОВЕН
Имате бујна фантазија, сестрани сте и полни со идеи. Доброто расположение, накусо, може да го расипе необичен телефонски повик кој не го очекувате. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни, а вам не ви преостанува ништо освен да сослушате и што поскоро да заборавите.

БИК
Денеска е поволен ден за истражување и за учење. Извесно е и дека ќе добиете понуда да се приклучите во некоја хуманитарна организација каде што целосно би се искажале, бидејќи вашата комуникативност и моќ за убедување се драгоцени за таа работа.

БЛИЗНАЦИ
Поради нагласената променливсот на расположението премногу се чувствителни што може разнишаната љубовна врска да ја доведе во големо искушение. Длабоко во срцето сѐ уште чувате силни спомени од далечното минато, а сеќавањето на загубената голема љубов ја нарушува новата.

РАК
Денот е одбележан со тензични транзиции кои најавуваат стресни ситуации од кои нема лесно да излегувате. Сведете ја својата нестрпливост на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога станува збор за партнерските односи и љубовта.

ЛАВ
Имате можност да потврдите дека по секое лошо доаѓа нешто добро. Проблемот на вашата моментална состојба е изостанувањето на поддршката на којашто сте сметале. Можеби сега е вистинскиот момент да размислите што сакате, да ви ласкаат или искрено да ве критикуваат.

ДЕВИЦА
Соочени сте со дисбаланс меѓу она што рационално го знаете и оната што интуитивно го чувствувате. Се двоумите, премногу е луцидно да донесете важна одлука само на основа на чувствата, без начини тоа да го докажете. Не оправдувајте се никому, вашиот суд е непогрешлив.

ВАГА
Не сте сигурни каде одите натаму, сѐ што знаете е дека ви треба промена. Услови за патување немате, а тоа е она што во моментов би ви помогнало. Не западнувајте во мрачни расположениеја, работите се одвиваат токму онака како што треба, наскоро ќе знаете што треба да сторите.

ШКОРПИЈА
Соочени сте со понуда којашто, колку што ја посакувате толку и ве плаши. Очекувате интензивна поддршка од членовите на семејството, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм изборете ја позицијата.

СТРЕЛЕЦ
Се чувствувате празно. Можеби деновивте завршивте важни задачи, па мислевте дека денешниот ден ќе биде спектакуларно радосен. Задоволството изостанува поради остриот пад на адреналинот. За да се повратите, итно смислите нови цели.

ЈАРЕЦ
Љубовниот живот е во центарот на вашето внимание. Вашиот партнер долго беше во сенка, ги трпеше вашите профасионални ангажирања и проблемите кои доаѓаа со тоа. Време е тоа да му го надоместите, особено кон крајот на денот кога ќе му биде потребна вашата поддршка.

ВОДОЛИЈА
За да остварите некои поголеми цели ќе мора нешто и да жртвувате, а тоа може да биде врзано за вашиот љ убовен живот. Имате имагинација, имате идеи и разни способности, па големи се и шансите дека во сите намери ќе имате успех, но обидете се да не тргувате со емоциите.

РИБИ
На почетокот нешто не беше по ваша волја, а откако работите тргнаа како што посакувате, го загубивте интересот. Се соочувате со луѓе на коишто не им е јасно вашето променливо расположение, не знаат како да ви угодат. Бидете фер и уважете ги и туѓите потреби.