Дневен хороскоп за понеделник (17 февруари 2020)

ОВЕН

Работа: Пред вас е нова работна понуда која би можела да ви се чини многу интересна.

Љубов: Се надевате на средба со личност која во вас буди силни чувства. Наскоро ве очекуваат нови љубовни промени.

Здравје: Проблеми со желудник.

БИК

Работа: Околностите ви одат во прилог кога е во прашање работата. Може да очекувате позитивен ден.

Љубов: Имате доверба во вашиот партнер со кои односот ви е многу добар. Судбината ви е наклонета.

Здравје: Одморајте.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Може да се каже дека пред вас е добар ден за нови случувања. Ве очекува период во кој ќе склопите некои важни контакти.

Љубов: Ви се допаѓа личност која делува дистанцирано од вас.

Здравје: Минлива вознемиреност.

РАК

Работа: Немојте да бидете брзоплети на ова поле. Покажете дека сте подготовени да сочекате нова прилика.

Љубов: Пред вас е многу убав период за нови познанства и за почеток на врска. Полека ќе се препуштите на чувствата.

Здравје: Проблеми поради надуеност.

ЛАВ

Работа: Потрудете се да се посветите на работата максимално и што повеќе да се ангажирате околу остварување на нови цели.

Љубов: Наклонети сте кон претерување со очекувањата на ова поле. Можно е денеска да имате караница со партнерот.

Здравје: Зголемена температура.

ДЕВИЦА

Работа: Можно е пред вас да се поставени високи очекувања на работното поле, и понекогаш да имате проблеми поради самодовербата.

Љубов: Сакате да си дозволите некое убаво изненадување кон личноста која ви значи.

Здравје: Внимавајте на крвниот притисок.

ВАГА

Работа: Можно е да имате некои мали компликации на работното поле, и поради нив да бидете под стрес.

Љубов: Можно е со саканата личност да имате се помалку емоции и да настапува фаза на оддалеченост.

Здравје: Проблеми поради стрес.

ШКОРПИЈА

Работа: Имате шанса да покажете дека сте подготвени да напредувате. Надредените за вас имаат добро мислење.

Љубов: Очекувајте ново познанство кое постепено ќе ве води кон емотивна врска.

Здравје: Проблеми со синуси.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Препорака е да водите сметка околу комуникацијата со работното опкружување кое не ви е многу наклонето.

Љубов: Потребно е на партнерот да му ги покажете своите чувства, за односот да ви тргне во подобар правец.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

ЈАРЕЦ

Работа: Потребно е да поработите на организацијата за на работното поле да ја подобрите ситуацијата.

Љубов: Ве очекува период во кој ќе бидете задоволни од околностите на ова поле.

Здравје: Сосема добро.

ВОДОЛИЈА

Работа: Тешко ви е да донесете одлуки кои се од пресудно значење за вашата работна ситуација.

Љубов: Потребно е да го подобрите односот со партнерот. Вашата врска може да тргне во подобар правец.

Здравје: Крвниот притисок ви варира.

РИБИ

Работа: Ве очекува период во кој ќе имате можност да остварите позитивна ситуација на полето работа.

Љубов: Опуштете се со саканата личност. Вашиот однос во следниот период би можел да тргне во добар правец.

Здравје: Уморни сте.