Дневен хороскоп за сабота (04.07.2020)

ОВЕН

Имате налет на инспирации кои може да ви донесат нови идеи и креации кои подоцна добро ќе ги наплатите. Уживате во заедничките моменти со саканата личност. Вљубени сте и среќни. Мал пад на енергијата.

БИК

Можно е да сте под голем притисок за сите работи кои ги имате да ги обавите во одговорачки рок. Нова прилика за флерт е пред вас. Искористете ја шансата која ви се пружа за љубов. Добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Денеска може да имате шанса да дојдете до дополнителна заработка или некоја паралелна работа. Можно е да постојат некои работи кои остануваат неразјаснети помеѓу вас и партнерот. Менувајте ги лошите навики.

РАК

Потребно е да поработите на својот пристап кон работната организација, ако сакате да напредувате. Ви се допаѓа личност која не е сосема слободна или постојат некои други кочници на патот до среќата. Потребно ви е опуштање.

ЛАВ

Бројни обврски се пред вас и ќе ви биде потребно многу време и трпение до крај да ги завршите. Очекувате контакт со личност која ви се допаѓа и која ви значи. Минлива главоболка.

ДЕВИЦА

Денешниот ден е поволен за промени на работното поле. Може да очекувате интересни случувања. Како да не можете да заборавите една личност од минатото. Секогаш ви се враќа во мислите. Болки во грбот.

ВАГА

Од вас се очекува да покажете дека сте подготвени максимално да се посветите на својата работа. Потребно е на саканата личност да и пружите повеќе нежност за вашата врска да може да трае на долги патеки. Проблеми со циркулацијата.

ШКОРПИЈА

Немојте претерано да бидете агогантни во својот пристап кон колегите затоа што тоа подоцна ќе ви се „удри од глава“. Време е да направите конкретен чекор кон личноста која ви се допаѓа. Уморни сте, и ви треба одмор.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден за важни судски решенија или било какви формални и правни прашања. Емотивната ситуација моментално не ви е добра. Можно е да се оддалечувате и односите со партнерот да ви се заладени. Проблеми со коските.

ЈАРЕЦ

На работното поле не ве очекуваат големи промени во текот на денешниот ден. Тешко ги покажувате своите чувства и потребно ви е многу време за да се отворите пред саканата личност. Проблеми со ушите.

ВОДОЛИЈА

Доколку потпишете некој договор врзан за работа, може да очекувате дека ќе биде добар за вас.Партнерот очекувате да му се посветите и да минете повеќе време со него. Му треба внимание за врската да биде поквалитетна. Чувајте се од воспаленија и настинка.

РИБИ

Тешка атмосфера на работното место, и тоа не ви одговара. Можно е сериозно да размислувате за промена. Дошло време да прекинете некои илузии и да се соочите со реалните маани кои ги има вашиот партнер. Пад на имунитетот.