ВЕН
Работа: Одличен ден за излегување во јавност. Оставате впечаток на самоуверена, способна и енергична личност.
Љубов: Партнерот како да не ја зема за сериозно вашата врска и не се посветува на неа, нешто што ви пречи.
Здравје: Проблеми со ладне раце и нозе.
БИК
Работа: Имате одговорен став кон обврските. Задоволни сте како работата напредува, но и количината на пари кои ви ги носи.
Љубов: Емотивно сте исполнети и гледате што повеќе промени да минете со партнерот.
Здравје: Стабилно здравје.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Комуникативни сте, разменувате информации со колегите. Евидентно е дека работата тргнала и дека атмосферата е многу подобра.
Љубов: Емотивно сте неисполетни, но и неподготвени да влезете во врска.
Здравје: Добро здравје.
РАК
Работа: Мали работни успеси имаат големо влијание на вашата самодоверба, и така себе си поставувате уште повеќе цели.
Љубов: Емотивно сте неисполенти, но и желни за промени, и така го интензивирате друштвениот живот.
Здравје: Се чувствувате уморно.
ЛАВ
Работа: Амбициозни сте и полни со желба за работни предизвици. Добивате понуда која ви одговара.
Љубов: Партнерот се чувствува занемарено и инсистира да се видите.
Здравје: Срцето е чувствително, избегнувајте физички напор.
ДЕВИЦА
Работа: Сте ја фокусирале својата енергија на работни обврски кои ги има многу.
Љубов: Во контакт сте со личност за која размислувате на тема врска, но и натаму не сте сигурни дека тој е вистинска личност за вас.
Здравје: Солидно здравје.
ВАГА
Работа: Работата се одвива на најдобар можен начин. Работите она што го сакате, а атмосферата е опуштена.
Љубов: Ве очекува сериозен разговор со партнерот за проблемите околу врската.
Здравје: Задоволувачко здравје.
ШКОРПИЈА
Работа: Во период сте кога нема ден без проблеми. Денеска излегуваат нови тешкотии кои морате да ги решите што порано.
Љубов: Вљубени сте и имате потреба за интензивен контакт со партнерот.
Здравје: Проблеми со коските.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Дневниот распоред трпи промени и тоа не по ваша вина. Некои состаноци се откажани, така да ги работите само рутинските работи.
Љубов: Брачниот партнер има впечаток дека сте ладни кон него.
Здравје: Здравјето е солидно, но имате впечаток дека треба да направите нешто да го подобрите.
ЈАРЕЦ
Работа: Владеете целосно со вашите обврски, сте влегле во рутина. Имате впечаток дека станало малку и монотоно на работа.
Љубов: Ве очекува ново познанство. Другата страна ве интигрира.
Здравје: Коските се чувствителни.
ВОДОЛИЈА
Работа: Со колегите дискутирате за развојот на работата и носите конструктивни одлуки.
Љубов: Ви годи близината на партнерот и како се однесува кон вас. Имате впечаток дека сте го нашле својот сигурен брод.
Здравје: Проблеми со простатата.
РИБИ
Работа: На работа се јавуваат мали потешкотии кои успешно ги реализирате.
Љубов: Во емотивна смисла сте врзани за минатото што ви оневозможнува нови емотивни искуства.
Здравје: Исцрпени сте и ви треба одмор.