Дневен хороскоп за сабота, 15-ти октомври 2022-ра

ОВЕН
Некои планови нагло ќе се променат и ќе бидете приморани да се прилагодувате кон туѓите барања. Можни се помали проблеми во кругот на семејството ако сте во брак. Секако, решение секогаш постои, ако се двете страни подготвени на компромис. Проблеми со бешиката.

БИК
Можно е да ви се исплатат некои помали ризици на деловно поле. Слободните припадници на овој знак лесно можат да запознаат нова љубов денеска. Вечерните излегувања со пријателите носат нови познанства. Исфрлете ги газираните пијалаци.

БЛИЗНАЦИ
Подготвени сте да ги спроведете новите идеи на дело. Важно е да бидете истрајни во својата замисла. Поволен ден за оние кои се занимаваат со некоја уметност. Склони сте кон идеализирање на партнерот, кога ќе се вљубите не ги забележувате неговите недостатоци. Чувствително грло и гласни жици.

РАК
Неповолен ден за соработка со партнерите. Насочете се на домашните деловнни соработници. Можеби на некој начин сте ја изгубиле стабилноста во љубовта која мислевте дека ја имате. Разочарани сте! Зголемен апетит, водете сметка за килограмите.

ЛАВ
Повеќе сте свртени кон приватните проблеми. Одложете ги важните состаноци, немате доволно концентрација. Во спротивно, може да донесете погрешни одлуки. Новата врска носи квалитет во вашиот живот. Ви годи вниманието од саканата личност. Можни се проблеми со видот.

ДЕВИЦА
Поволен ден за оние кои се бават со музика, глума или сликарство. Подобрување на финансиите. Внимавајте на погрешни процени кога е една личност во прашање. Би можеле подоцна да се каете. Проблемите со несоница стануваат хронични.

ВАГА
Може да остварите успех на деловно поле, ако бидете спремни максимално да се активирате. Важна е брзата реакција. Лесно се впуштате во авантура со личност којашто не ја познавате доволно. Можеби ќе се покаете подоцна. Проблеми со тахикардија.

ШКОРПИЈА
Може да очекувате многу поволен расплет на настаните на работа, особено ако соработувате со странство. Партнерот е незадоволен, бара повеќе внимание и сака отворено да разговара со вас за сите проблеми. Бидете отворени и флексиби. Проблеми со кичмата. Не смеете да се оптеретувате.

СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате убави вести од раководството во фирмата која работите. Очекувајте подобрување на финансиите. Имате одредени дилеми и ви претставува проблем да се отворите кон саканата личност. Неопходен ви е отворен разговор. Проблеми со црниот дроб.

ЈАРЕЦ
Многу сте внимателни со трошоците и се трудите да штедите. Не претерувајте. Љубомората ве опседнува постојано и не можете да се изборите со неа. Партнерот поради тоа е оптоварен, па следи отворен разговор. Можна е уринарна инфекекција

ВОДОЛИЈА
Очекувате многу од вашиот деловен партнер. Некои обврски не можете да ги завршите сами. Потребна ви е сигурност, уште едно одговорно мислење. Брачниот партнер ви пружа утеха, љубов и чувство на сигурност во тешки животни моменти. Здравјето е во ред.

РИБИ
Се обидувате сите обврски да ги постигнете на време и некако успевате во тоа. Иако имате најдобри намери, немате доволно време да му се посветите на партнерот. Објаснете му колку сте зафатени, но и колку сте подготвени подоцна целосно да му се посветите. Внесувајте витамин Ц.