ВЕН
На пат кон остварување на големи планови. Сепак, заборавате дека сите успеси доаѓаат само кога е вистинското време. За вас оваа недела не е пресудна, па постапете соодветно. Ако планирате патување, размислете за можноста за одложувања.
БИК
Екстремно напнато од сабајле. Ви се чини дека сите подлегнале на атмосфера која според вас е сосема нездрава. Интензивно смислувате начини да се ослободите од сите обврски и да поминете одредено време изолирани од сите случувања. Не размислувајте за деновите на боледување.
БЛИЗНАЦИ
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Партнерот долго време е во сенка, ги трпи вашите професионални обврски и проблемите кои доаѓаат со тоа. Време е да го надоместите, особено на крајот од денот кога ќе му треба вашата удобност.
РАК
Ве очекува важна лекција во која треба да го надминете песимизмот, кој е една од вашите особини која често делува против вас. Верувате во вашите интелектуални моќи, но мора да бидете свесни и дека е нереално секогаш да сте во право.
ЛАВ
Совршено сте координирани, па денот минува без поголеми проблеми. Меѓутоа, задачите ги извршувате рутински, па поради недостаток на концентрација постои можност да направите превид кој може да предизвика мала штета која лично не ви оди во прилог.
ДЕВИЦА
Се занимавате со нови начини на водење бизнис и наоѓате интересни методи со кои се справувате во текот на работата. Нарушувањата во комуникацијата со претпоставените ќе се манифестираат првенствено преку притисокот дека работата мора да се заврши пред крајниот рок.
ВАГА
Дисциплинирани, давате се од себе за да ги завршите обврските кои невешто ги презедовте на себе. Резултатите се неизвесни, но оптимизмот и чувството дека од се што сте превземале ќе произлезе нешто добро. Пазете се од повреди.
СКОРПИЈА
Ве очекува ненадеен пад на енергијата. Тензијата може да предизвика отворени конфликти со луѓе кои се ваши пријатели. Посесивното однесување на саканата личност дополнително ги комплицира сите ваши обиди да ги поправите работите и да ја спасите врската.
СТРЕЛЕЦ
Дури и ако не сте премногу романтично расположени, можен е неочекуван контакт со некој кој некогаш имал важна улога во вашиот љубовен живот. За време на СМС преписката, ќе добиете увид колку се грижите за таа личност денес.
ЈАРЕЦ
Свесни сте дека ви претстои напорен период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја, а вашата вродена борбеност и оптимизам ќе ве направат уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни од постигнатите резултати.
ВОДОЛИЈА
Нешто што сте го чувале во тајност може да ја види светлината на денот денес. Без оглед на тоа што внимателно сте го подготвиле секој детал, токму сега ќе откриете низа грешки кои ќе го доведат во прашање целиот ваш план. Не паничете, успехот е сигурен.
РИБА
Малку сте уморни од интензивното дружење кое партнерот ви го наметнува во последно време. После одлични настани, искуства и забава, потребен ви е заслужен одмор. Не двоумете се, кажете му на вашата сакана.