Од 1 декември стартува дневната евтина тарифа на струјата, рече во интервју за Телевизија 21, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ и Директор на Агенцијата за енергетика.
-Она што е извесно е дека од 1 декември стартува дневната евтина тарифа, домаќинставата ќе имаат 11 часа во текот на денот евтина тарифа. Праксата покажува дека декември е поладен месец и реално овие часови најмногу ќе ги користат пензионерите – така е и таргетирана и димензионирана затоа што во државата треба да чувствуваат сигурност и стабилност, рече Николовски.
Додаде дека следува период за пресметки на цените, но не се очекува струјата да поскапи, и потецира дека блок тарифите ќе останат затоа што дадоа ефект.
-Блок тарифите дадоа ефект и потрошувачката се намали за 16 % минатата година. Со обновливите извори ние имаме намалено увоз на струја значително и од 30%. За 140% имаме раст за само десет месеци во споредба со минатата година, а неспоредливо е со пред 10 години кога практично и да немало обновливи извори на енергија, рече Николовски.
Инаку, евтината дневна тарифа ќе се користи до 13 до 15 часот и е воведена поради повеќемесечното намалување на цената на струјата на берзите.
Таа беше укината на почетокот на 2022 година, кога имаше зголемување на цената на струјата за 9,48 отсто.