Печатени дневни весници во Германија секојдневно читаат околу 40 милиони жители, што е за 1,3 милиони помалку во споредба со истиот период минатата година, објави агенцијата за медиумска анализа АГМА.
Според најновите податоци, 55,8 отсто од возрасните жители на Германија (над 14 години) дневно посегнуваат по весници.
Најчитаниот весник е таблоидот „Билд“ со 9,42 милиони читатели, а далеку од него се надрегионалните дневници „Зидојче цајтунг“ со 1,25 милиони и „Франфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ) со 760.000 читатели.
Од надрегионалните весници само левичарскиот „Зидојче цајтунг“ забележа зголемување на бројот на читатели. Во споредба со минатата година тиражот го зголемија регионалните дневници во Германија кои секојдневно ги читаат 32 милиони корисници.
Се зголеми и неделниот промет на списанијата на „ФАЗ“ и на „Велт“, како и неделникот „Цајт“.
Корисниците на онлајн изданието на дневните весници не учествуваа во истражувањето.