Партискиот лидер Зоран Заев да ја предводи Првата изборна единица, во двојката (скопско-кумановска) носител да биде актуелениот генерален секретар Оливер Спасовски, кој доаѓа од кумановскиот регион, во Третата Маријанчо Николов, пишува весникот „Дневник“ пренесувајќи ги првичните најави и преговори во редовите на СДСМ за тоа како ќе изгледа распоредот на првите три Изборни единици за носители на листи.
Весникот пишува дека најверојатно на предвремените парламентарни избори СДСМ акцентот ќе го стави на помалку експонирани членови на партијата.
Пратениците во заминување, од кои голем процент беа блиски соработници на Бранко Црвенковски , речиси и да ги нема во распоредот за новиот состав на СДСМ во Собранието.